Дупка на крстосница

13.08.2015 12:03 | KumanovoNews

 Дупка на сред крстосница меѓу улиците “Страшко Симонов“ и “Драги Шутевски“ во населбата Тоде Мендол неколку дена стои незаштитена.

Дупка на крстосница

Граѓаните бараат дупката побрзо да биде затрупана бидејќи во близина живеат мали деца, си играат тука и родителите стравуваат дека некое од нив  може да падне и да се повреди.

Со багер копаа, но не знам зошто не ја затрупуваат. Ризик е, многу автомобили тука поминуваат, две ленти ставија, ама децата ги скинаа. Јас тука живеам и тука поминувам. Деца се врткаат тука, ако падне некој може глава да скрши. Два метри е длабока дупката“-вели Гасмир Селими, граѓанин.

Од јавното претпријатије „Водовод“ велат дека на оваа локација имало дефект, дефектот е саниран, а дупката денеска ќе биде закопана.

Завчера имаше дефект, и дефектот веднаш е решен. Имало кал, вода и тоа треба да се исуши. До крај на денот дупката ќе биде затворена - рече Горан Стојковски, директор на „Водовод“.

Дел од граѓаните кои живеат во близина деновиве побарале од надлежните, дупката да биде затрупана.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk