Дупката на „Трета МУБ„ ќе се крпи наскоро

13.03.2012 09:36 | KumanovoNews

 На булеварот „Трета МУБ„, пред раскрсницата со улицата „Народна револуција„, повеќе од три месеци улицата е раскопана. Исечениот асфалт е пополнет со песок, но тоа го отежнува движењето на возилата.

Дупката на „Трета МУБ„ ќе се крпи наскоро

Граѓаните реагираат поради ваквата состојба и велат дека си ги испокршиле колите од создадените дупки, и бараат од надлежните да ја поправат улицата што поскоро.

Уште во декември ја раскопаа улицата, бидејќи пукна водоводна цевка. Го поправија дефектот но улицата само ја потрпаа со земја и не ја асфалтираа. Овде е многу фреквентно и цела зима се разнесува кал на сите страни, а сега се крева прашина-кажуваат луѓе од соседните дуќани.

Од ЈП „Водовод„, објаснуваат дека им е познат проблемот на „Трета МУБ„ и приоритетно ќе биде решен до крајот на месецот. Досега улицата не можеле да ја асфалтираат поради тоа што неработат асфалтните бази. Најавуваат дека таа ќе биде првата улица на која ќе се интервенира кога ќе се создадат услови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk