Два автомобили изгореа на паркингот зад „Тинекс“

17.09.2018 13:32 | KumanovoNews

Две патнички возила гореа вчера на паркингот зад осумкатницата во центарот на Куманово.

Два автомобили изгореа на паркингот зад „Тинекс“

Опожарени се Пежо 308 со скопски регистерски таблички, сопственост на Охридска банка и Пежо 106 со кумановски таблички, сопственост на семејство кое живее во зградата.

Пожарот во 16.30  часот прво се појавил на еден од автомобилите, а потоа зафатил и друг паркиран автомобил.

Од Противпожарната единица Куманово, информираат дека пожарот кај нив е пријавен во 16.30 часот. За три минути излегле на терен и започнале со гаснење. Пожарот целосно е изгаснат во 17.30 часот.

Во пожарот целосно изгорело службеното возило, а другото половично.

Причинета е голема матерјална штета.

Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk