Два камиони за смет набави ЈП „Чистота и зеленило“

20.05.2020 07:13 | KumanovoNews

Два камиони за собирање на смет набави ЈП „Чистота и зеленило“ во Куманово. Нивната вредност е 80.000 евра, обезбедени од сопствениот буџет. Станува збор за помали возила кои досега недостасувале во претпријатието.

Два камиони за смет набави ЈП „Чистота и зеленило“

„Набавивме две нови помали возила за изнесување на смет кои ни без неопходни, бидејќи располагаме со голем број на возила меѓутоа тие се поголеми, а поради тесните улички и непрописно паркирани автомобили се соочуваме со проблеми за влегување во тие улички. Во текот на оваа недела ќе ги завршиме сите административни постапки и ќе ги бидат ставени во функција, се со цел за подобро извршување на услугите кон крајните корисници- граѓаните“, - изјави Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и Зеленило“.

Директорот вели дека со обновата на возниот парк многу ќе се олесни нивната работа, бидејќи ќе успеваат навремено и целосно да го изнесуваат сметот од сите делови на градот.

 Претпријатеито има вкупно 17 камиони за собирање на смет, а дел од нив се доста амортизирани што им создава проблеми во секојдневното работење.

„Ни треба дополнителна набавка бидејќи дел од возилата се дотраени и не знаеме уште колку ќе издржат. Меѓутоа со проектот за отварање на регионална депонија треба да добиеме 9 нови возила и повеќе садови за смет, се надеваме дека од наредниот месец ќе ни бидат ставени на располагање, - додава Стојчевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk