Два нови случаи на ковид-19 во Куманово

04.06.2021 13:26 | KumanovoNews

Во последните 24 часа регистрирани се 16 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.109 тестирања. По градови во: Скопје – 8, Куманово – 2, Битола, Тетово, Гостивар, Струга, Гевгелија и Свети Николе – по 1.

Два нови случаи на ковид-19 во Куманово

Регистрирани се 38 оздравени пациент од: Скопје – 17, Велес и Радовиш – по 4, Охрид –  3, Тетово, Кавадарци, Кичево и Македонски Брод – по 2,  Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 7 починати лица: 2 лица од Скопје (77г и 73г) и по едно лице од Битола (67г), Тетово (71г), Кичево (80г), Кавадарци (86г) и Кочани (70г).

 Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 5 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 807.837 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.379, бројката на оздравени пациенти е 148.910, на починати е 5.442, а бројот на активни случаи изнесува 1.027.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68555, Активни 427

Куманово 8840, Активни 109

Прилеп 8307, Активни 57

Тетово 7218, Активни 43

Битола 6296, Активни 51.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk