Два пожари со запалена сува трева

26.06.2015 09:26 | KumanovoNews

Во изминатото деноноќие имало два пожари на запалена сува трева во Куманово.

Два пожари со запалена сува трева

Територијалната противпожарна единица Kуманово интервенирала во  11.17 до 12,15 часот со 1 возило и 4 пожарникари,  на опожарена сува трева со непозната површина кај локалитетот викан Багрем Бања.

Од 14.40 до 16.30 часот со 1 возило и 4 пожарникари  интервенирано  е на запалена сува трева во населбата Доброшане.

И двата пожари се локализирани без поголема материјална штета.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk