Два пожари во текот на вчерашниот ден

05.03.2015 08:34 | KumanovoNews

Во текот на вчерашниот ден се запалила шупа во Куманово и сува трева на патот кон село Страцин.

Два пожари во текот на вчерашниот ден

Запалената шупа се наоѓа на улицата “Ангел Дуцо“, а избувнал околу 13.30 часот, додека тревата на патот за Страцин се запалила одколу 17 часот.

Територијалната противпожарна единица Куманово интервенирала на двете места и навремено ги изгаснала пожарите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk