Дваесет и четири години независна Македонија

08.09.2015 10:39 | KumanovoNews

Република Македонија денеска одбележува 24 години независност.

Дваесет и четири години независна Македонија

Повеќе од 95 отсто од граѓаните на референдумот на 8 септември 1991 година, позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“. На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија. Потоа следеше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Референдумот го бојкотираше дел од албанската етничка заедница и пратениците Албанци не го поддржаа новиот Устав. Десет години подоцна Уставот беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор. Македонија први ја признаа  Бугарија, Турција, Словенија, Хрватска, Русија, БИХ и други земји. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk