Дваесет и деветa седница на Советот на Општина Куманово

03.07.2019 10:40 | KumanovoNews

 Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница, со 9 точки на дневен ред.

Дваесет и деветa седница на Советот на Општина Куманово

Дневен ред

1. Предлог – Одлука за давање согласност на Изменување и дополнување на Годишен план за вработување во 2019 година на ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово;

2. Предлог – Одлука за давање согласност на Изменување и дополнување на Годишен план за вработување во 2020 година на ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово;

3. Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот во ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за 2019 година;

4. Предлог – Одлука за прифаќање на предлог за избор на најповолна понуда за воспоставување на јавно-приватно партнерство помеѓу јавен и приватен партнер заради модернизација и одржување на системот на јавно осветлување во Општина Куманово;

5. Предлог – Одлука за набавка на моторни возила за потреби на Општина Куманово;

6. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2019 година;

7. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 62, плански опфат меѓу ул. „Вук Караџиќ“, ул. „Тоде Мендол“, ул. „Благој Илиев Гуне“ и ул. „Страшко Симонов“ – Општина Куманово;

8. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за спроведување на површини за градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централно градско подрачје во граница на градежен реон на град Куманово;

9. Предлог – Одлука за формирање на Локална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk