Дваесет и осма седница на Совет

22.06.2010 09:28 | KumanovoNews

 Советот на Општината Куманово утре ќе ја одржи двесет и осмата редовна седница. Советниците ќе расправаат по 17 точки на дневен ред, каде меѓу другото ќе се поднесат извештаи за финансиското работење на јавните претпријатија, а ќе се донесат и утврдат неколку Детални урбанистички планови.

   
Дваесет и осма седница на Совет

 Дневен ред:

1.    Извештај за работа на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период јануари – декември 2009 година;

2.    Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период јануари – март 2010 година;

3.    Тримесечен Извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ – Куманово за период од 01.01.2010 до 31.03.2010 година;

4.    Финансиски Извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за периодот Јануари – Март 2010 година;

5.    Тримесечен Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – Гас“ Куманово за периодот од 01.01.2010 година до 31.03.2010 година;

6.    Предлог - Локален акционен план за унапредување на положбата на лицата со попреченост во општина куманово 2010 – 2013;

7.    Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Фондацијата за култура и спорт „Куманово“ – Куманово;

8.    Предлог – Решение за давање согласност на Статутарната Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Фондацијата за култура и спорт „Куманово“ - Куманово;

9.    Предлог – Одлука за начинот и постапката за финансиската поддршка на програмите односно проектите од областа на културата од Буџетот на Општина Куманово;

10.    Предлог – Одлука за исплата на парични средства од Буџетот на Општина КУманово за 2010 година;

11.    Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2010 година

12.    Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од У.Е. „Х.Т.Карпош“, Урбан блок64 – д и 64 – ѓ, плански опфат меѓу: ул. „Пролетерски бригади“, ул. „11 – ти Октомври“, ул. „Х.Т.Карпош“, ул. „Трст“, ул. „Јане Сандански“ и ул. „Киро Фетак“ – Општина Куманово;

13.    Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – ДУП за дел УЕ „Бајрам Шабани“ и „Тоде Мендол“, дел од УБ 56 и 61, плански опфат меѓу улиците „Бајрам Шабани“, „Младен Стојановиќ“, „100“, „Поток Серава“, „Доктор Рибар“ и „Ѓуро Ѓаковиќ“ – Општина Куманово;

14.    Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт ДУП за дел од УЕ „Тоде Мендол“, УБ 60, плански опфат меѓу улиците „Тоде Мендол“, „Правда Спасовска“, „Перо Стојмановски“ и ул. „Васа Пелагиќ“ – Општина Куманово;

15.    Предлог – 0длука за утврдување на Нацрт – ГУП за дополнување на планирана примарна сообраќајна мрежа, зони на планирани бензински пумпни станици за точење на течно гориво;

16.    Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Тоде Мендол“, УБ 63, плански опфат меѓу ул. „1“, ул. „ЈНА“, ул. „2“, К.П. бр. 16793, ул. „3“ и К.П. бр. 16369/2 – Општина Куманово;

17.    Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Благој Стефковски - Гојчо”, У.Б. 45 – Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk