Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вкупно 25 килограми марихуана во два одделни случаи се запленети изминативе денови на граничен премин Табановце на излез од државата.
Во автомобил “цитроен ц 3“ управуван од албански државјанин С.Г., во предната десна врата под тапацирот е најдено пакување со зеленкаста материја со специфичен мирис. По извршена контрола во сите четири врати во фабричките шуплини и во бункери на предниот и задниот браник се најдени 30 пакувања марихуана тешки 23 килограми. Во западно европските земји вредноста на дрогата би достигнала до 40.000 евра.
Во предистражната постапка е утврдено дека за сума од 3000 евра С.Г. се обидел да пренесе 5 килограми марихуана во Милано, Италија. Бидејќи бил во тешка материјална состојба го прифатил предлогот и на критичниот ден го земал автомобилот по што со мајка му и вереницата од Скадар преку Косово тргнал за Италија.
Во вториот случај во автобус кој сообраќал на релација Струга - Берн во личниот багаж се најдени 2 килограми марихуана кои биле ставени во кеси од чајни колачи. Колачите биле внимателно извадени и внатре во оригиналната амбалажа била ставена дрогата. На прашање на цариниците чија е дрогата никој од патниците не одговорил потврдно.
Утврдено е дека С.А.(26) од с.Студеничани ја купил дрогата десет дена однапред и сакал да ја прошверцува во Австрија. Тој се договорил со Ф.А.(17) и И.А.(23) од истото село да му ја донесат дрогата на меѓуградската автобуска станица во Скопје и тој да ја однесе за Австрија. С.А. е уапсен, а другите две момчиња се во бегство.
И во двата случаи царината против сторителите поднесе кривични пријави за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, прихотропни супстанци и прекурсори.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk