Дваесет и трета седница на Совет

22.02.2019 10:08 | KumanovoNews

Во среда (27 февруари) ќе се одржи редовна седница на Советот на Општина Куманово.

Дваесет и трета седница на Совет

На седницата ќе се работи по 19 точки на дневен ред, меѓу кои повеќе извештаи за работа и финасиско работење на јавните претпријатија, квартален извештај на буџетот на Општината и др.

1. Годишен извештај на Територијална противпожарна единица Куманово за 2018 година;

2. Програма за работа на ТППЕ Куманово во 2019 година;

3. Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Октомври – Декември 2018 година;

4. Оперативна програма на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за собирање и транспортирање на комунален отпад на подрачјето на Општина Куманово во 2019 година;

5. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2019 година;

6. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.10.2018 – 31.12.2018 година;

7. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2018 – 31.12.2018 година;

8. Извештај за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2018 – 31.12.2018 година;

9. Програма за измена на Програмата за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2019 година;

10. Програма за измена на Програмата за користење, одржување, реконструкција и изградба на јавното осветлување на подрачјето на Општина Куманово за 2019 година;

11. Извештај за стекнати и распределени средства во 2018 година од ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово;

12. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на јавните службеници во ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово за 2019 година;

13. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за IV квартал од 2018 година;

14. Информација за реализирани активности на Одделението за меѓународна соработка и евроинтеграции во 2018 година;

15. Предлог – Одлука за прифаќање на донација;

16. Предлог – Одлука за давање на користење на возило на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;

17. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на урбана опрема - дрвени куќички на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;

18. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;

19. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk