Дваесетгодишна девојка пријавена за исчезната

14.05.2018 07:35 | KumanovoNews

Дваесетгодишна девојка е пријавена за исчезната откако пред два дена излегла од дома и не се вратила.

Дваесетгодишна девојка пријавена за исчезната

М.З.(20) заминала од дома во саботата околу 9 часот, по што и се губи секаков траг. Откако семејството не успејало да ја пронајде, нејзиното исчезнување го пријавиле во полиција.

„Вчера во 15 часот во СВР Куманово,  М.З. (39) од Куманово пријавила дека нејзината ќерка М.З.(20) на 12.05.2018 година околу 09.00 часот излегла од нивниот семеен дом и не се вратила“-соопштува МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на девојчето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk