Двaесетгодишно момче од Куманово се удави во Охридското Eзеро, потврди МВР

01.08.2018 08:51 | KumanovoNews

В.А. (20) од Куманово е момчето, кое вчера се удави во водите на Охридското езеро.

Двaесетгодишно момче од Куманово се удави во Охридското Eзеро, потврди МВР

Според МВР, трагедијата се случила во 13.10 часот, спроти плажа „Магнус“, кога В.А. скокнал од педалинка во езерото.

По кратко време, телото на починатиот било извлечено од водата од страна на припадници на Црвен Крст.

Смртта била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Случајот бил пријавен во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk