Дваесетина кумановци дел од фото школата на „Куманово“

24.09.2015 10:23 | KumanovoNews

Дваесетина кумановци од различни возрасни група  ја посетуваат фото школата која трета година по ред ја организира фото клубот „Куманово“.

Дваесетина кумановци дел од фото школата на „Куманово“

Од клубот се задоволни од интересот кој учесниците го покажаа за уметничката фотографија.

Нашите предавачи Владимир Јовановски, Александар Драгишевски и Марина Крстиќ кои како реномирани автори ќе се потрудат целото свое знаење и искуство на некој начин да го пренесат на заинтересираните. Со ова ќе ја продолжиме долгогодишната историја на ширење на фотографската уметност во Куманово - велат од фото клуб “Куманово“.

Курсот ќе трае 9 месеци  и ќе биде поделен во повеќе целини и тоа: аналогна фотографија, лабараторија, теорија на композиција, пракса и дигитална лабараторија односно изучување на Фотошоп програмата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk