Дваесетина кумановци добија помош за сончеви колектори

18.06.2015 14:00 | KumanovoNews

Дваесетина граѓани од Куманово ќе добијат финансиска помош од Министерството за економија, за вградување и набавка на сончеви колектори.

Дваесетина кумановци добија помош за сончеви колектори

Анализите покажуваат дека едно семејство кое користи сончев колектор, годишно може да заштеди 2.400 киловат-часа електрична енергија,  односно околу 13.000 денари.

Ресорното министерство ќе покрие 30 отсто од парите кои граѓаните ги потрошиле за набавка и вградување  на сончеви колектори, под услов таа сума да не е поголема од 300 евра.

Лани 25 кумановци добија субвенции за вградување на сончеви колектори, а оваа година бројката е помала.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk