Дваесетина кумановци потенцијални кандидати за пратеници

05.11.2016 12:17 | KumanovoNews

За пратеничката фотеља има многу заинтерсирани, но малку добитни позиции, па кумановци се плашат дека пак ќе останат со кратки ракави, поради тоа што нивните места на листите ќе ги завземат анонимци и коалициони партнери од Скопје, кои Куманово го посетуваат само пред избори

Дваесетина кумановци потенцијални кандидати за пратеници

       Кумановската јавност, особено партиските членови, со нетрпение ги очекуваат официјалните информации кои кумановци ќе се најдат на листите за пратеници во втората изборна единица на престојните парламентарни избори. Во чаршијата и партиските ограноци се лицитира со имиња на истакнати и помалку познати членови, но се најавуваат и изненадувања. По обичај има многу заинтерсирани кандидати, но малку добитни позиции на листите, па кумановци се плашат дека пак ќе останат со кратки ракави, поради тоа што повисоките места ќе ги завземат анонимци и коалициони коалциони партнери од Скопје, кои Куманово го посетуваат само од избори до избори, а тие ќе останат на опашката.

 Кумановските социјалдемократи до централата во Скопје доставиле листа од 100 предлози од месните организации, а во најтесен круг влегле десетина кандидати, кои биле ставени на анкета за да им се провери рејтингот кај граѓаните. Се работи за луѓе кои имаат високи партиски функции во општинската организација и централните тела: Мартин Костовски, Максим Димитриевски, Виктор Петрушевски, Томица Илиќ, Владислав Трајковски, Марјан Спасовски, Александар Арсиќ, Љубиша Николиќ, Атина Мургашанка, Лидија Тасевска, Ирена Илиевска, Валентина Алексовска и Соња Тодоровска.  Од нив двајца се очекува да се најдат во првите 9. Носител на листата во двојка или тројка ќе биде министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а за двојка се споменува и новинарот Мухамед Зекири, кој треба да повелече гласови меѓу Албанците.

На листата на ВМРО-ДПМНЕ, најверојатно ќе се најдат оние кандидати што беа во јуни. Тоа се: досегашниот пратеник Зоран Георгиевски и претседателот на општинскиот комитет Драган Петковски, а од жените координаторката Емилија Трајковска. Од кумановци ќе биде и коалициониот партнер Иван Стоиљковиќ. Бидејќи лидерот Никола Груевски најавил изненадувања и нови имиња, можно е да има уште некој кумановец, вели нашиот соговорник. Носител на листата во двојка е министерот Никола Поповски.

 Во ДУИ за гласови на граѓаните ќе се борат: доктор Илир Асани, вицепремиерот Арбр Адеми, досегашните пратеници Мевљан Џемаили и Калтрина Азизи од Матејче.

ГРОМ најави дека ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, но нема кандитат за пратеник од Куманово.

За независен пратеник во втората изборна единица ќе се трка и адвокатката Оливера Доцевска, доколку собере 1000 потписи. 

СДСМ пратеничките листи ќе ги објави утре на партиски конгрес, а ВМРО-ДПМНЕ на собир во нередниот период. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk