Дваесетмина кумановци ќе се вклучат во проект за општо корисна работа

03.08.2018 10:59 | KumanovoNews

Општина Куманово, преку програмата за општо-корисна работа на проектот “Локална прегратка“, ќе ангажира 20 лица кои ќе работат со лицата со пореченост во дневните центри и со стари и изнемоштени лица во домашни услови.

Дваесетмина кумановци ќе се вклучат во проект за општо корисна работа

Проктот е финсиран од Агенцијата за вработување, а се реaлизира во соработка УНДП и Центарот за социјални работи и локалната самоуправа.

Од среда тече пријавувањето на невработените лица, кои сакаат да се вклучат во проектот. Според јавниот оглас, потребни се; музички аниматори, логопеди, тренери, социјални работници, педагози, психолози, дефектолози, одделенски наставници,физиотерапевти, медицински сестри и др.

Вработените ќе бидат работно ангажирани девет месеци со скратено работно време за надомест од 9000 денари, заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд.

 За време на работниот ангажман статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Пријавувањето е до 14 август во Агенцијата за вработување- Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk