Двајца доктори на науки и 18 магистри чекаат работа

25.04.2012 17:40 | KumanovoNews

 Двајца доктори на наука, 18 магистри и 1014 граѓани со високо образование чекаат работа во Куманово.

Двајца доктори на науки и 18 магистри чекаат работа

 Според податоците на Агенцијата за вработување во истиот период лани, нивниот број бил помал, и изнесувал 13 магистри и 1 доктор на науки.

Најголем дел од магистрите дури 9 се од областа на правните науки, а останатите магистрирале на  економските науки ле ликовна  уметност, филозофија, историја, археологија, дефектологија, психологија, осигурување, меѓународна политика, политички науки, европски студии за комуникација како и други образовни насоки.

Од Агенцијата за вработување Куманово велат дека зголемувањето на бројот на магистри е поради реформите во високоте образование и студиите 3+2, се водат како постдипломски. Исто така зголемувањето на бројот на магистри и доктори на науки ќе биде и резултат на многубројните приватни факултети кои нудат голем избор на современи студиски програми за магистратура и доктори.

Во Куманово има вкупно невработени 22 776 лица од кои 15 039 се од градот, а 7 737 од селата во регионот. Лани во истиот период имало 26 394 невработени лица. Најголем број од невработените 11.833 се неквалификувани работнници.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk