Двајца крадци фатени на дело во деловен објект во Куманово

16.02.2022 11:07 | Сузана Николиќ

Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа во 21.10 часот ги лишиле од слобода Н.М.(61) и Д.И.(34), двајцата од Куманово. 

Двајца крадци фатени на дело во деловен објект во Куманово

Тие биле затекнати во деловен објект во с.Доброшане, кумановско, при обид да извршат кривично дело „тешка кражба“. 

Кај нив биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. 

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk