Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.С.(23) и С.В.(37), двајцата од Куманово, за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а С.В. е пријавен и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Во текот на мај полициски службеници извршиле претрес на домот на А.С., при што се пронајдени и одземени 0,19 грама хероин. Минатата недела во домот и помошниот објект на С.В. се пронајдени и одземени 5,72 грама хероин, метална вага, 2.500 денари и 11 куршуми различен калибар.
Од страна на судија во претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk