Двајца кумановци извршиле промена на вин бројот на возилата

28.10.2015 13:11 | KumanovoNews

Двајца кумановци по пат на механичка обработка извршиле промена на вин бројот на своите возила. 

Двајца кумановци извршиле промена на вин бројот на возилата

Полицајци во јули годинава го запреле Џ,С.(55) од Куманово кој управувал Голф,  при што е констатирано дека со механичка обработка го променил вин бројот на возилото.

Во септември Б.Б.(54) од Куманово е запрен со автомобил Фолксваген поло, и кај него е откриено дека со механичка обработка го променил вин бројот на автомобилот. 

Против двајцата се поднесени пријави за постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  фалсификување исправа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk