Двајца кумановци нападнале полицајци

30.07.2014 13:17 | KumanovoNews

Во два одделни случаи двајца кумановци нападнале полицајци, додека биле на службена должност.

Двајца кумановци нападнале полицајци

Во првиот случај полицаец пред десетина дена отишол во дворот на Б.М.(26) од Куманово, поради претходна поплака, по што тој го нападнал полицаецот удирајќи го со тупаници по раката.

Пред половина месец на улица “Ѓорче Петров“ К.Р.(51) од Куманово бил непрописно паркиран и кога полициски службеници го  опоменале да се тргне, тој се спротивставил и со вратата удрил еден од полицајците.

Двајцата кумановци ќе одговараат за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk