Двајца кумановци повредени во сообраќајка

15.11.2015 11:30 | KumanovoNews

Двајца кумановци се тешко повредени во сообраќајна несреќа што утринава се случила на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, во близина на кланицата Црн бик.

Двајца кумановци повредени во сообраќајка

Несреќата се случила во 5.45 часок, кога Дарко Т.(26) од Куманово со својот автомобил Опел Астра се движел кон населбата Карпош, изгубил контрола над возилото, преминал на левата страна и директно се судрил со товарно возило управувано од Виктор.П.(38) од Куманово, кое доаѓало од спротивната насока.

Од силината на ударот Астрата била целосно уништена, поради што морала да интервенира противпожарната единица за да го извади повредениот возач.

Поради сериозноста на повредите Дарко е префрлен на Скопските клиники, а возачот на камионот Виктор е задржан на лекување на хируршкото одделение во кумановската болница.

Причините за несреќата дополнително ќе се утврдат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk