Двајца кумановци се шетале вооружени во време на полициски час

23.03.2020 13:41 | KumanovoNews

Во Куманово за време на полицискиот час, уапсени се две лица, кај кои е најдено и оружје.

Двајца кумановци се шетале вооружени во време на полициски час

На целата територија на државата уапсени се 18 лица, кои не ја почитувале забраната за движење, а 74 се опоменати. Од Виница има 6, од Тетово 5, од Гостивар и Куманово по 2 и 1 од Кочани.

- Сите овие лица ќе одговараат како за ширење зараза, по член 206 од КЗ, т.е. за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Истовремено полицијата поднела и две кривични пријави за основано сомнение за сторено кривично дело по член 396 –  неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје, - изјави министерот Наќе Чулев.

Министерството за внатрешни работи оценива дека првата ноќ со полициски час во државата помина мирно и генерално со почитување на мерката.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk