Двајца малолетници повредени откако со мопед се судриле со „ауди“

10.04.2024 20:46 | KumanovoNews

Двајца малолетници се повредени откако со мопед се судриле со автомобил на регионалниот пат Куманово-Скопје, на влез во с.Черкези-кумановско
 

Двајца малолетници повредени откако со мопед се судриле со „ауди“

Сообраќајната несреќа се случила синоќа во 22.50 часот,  помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано до 24-годишен жител од с. Љубодраг - кумановско, и мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Тромеѓа-кумановско. 

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk