Двајца новозаболени и 17 оздравени од ковид-19 во Куманово

14.03.2022 18:59 | Сузана Николиќ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа нправени се 1.176 тестови, а регистрирани се 92 нови случаи на ковид-19.

Двајца новозаболени и 17 оздравени од ковид-19 во Куманово

По градови во: Скопје – 60, Кавадарци и Охрид – по 6, Прилеп – 5, Струмица – 4, Куманово и Гостивар – по 2, Тетово, Штип, Кочани, Струга, Гевгелија, Радовиш и Делчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (92), регистрирана е 13 реинфекција.

Регистрирани сe 363 оздравени пациенти од: Скопје – 200, Кавадарци – 28, Велес – 25, Куманово – 17, Битола – 14, Прилеп – 13, Тетово – 9, Кичево – 8, Штип и Гевгелија – по 7, Радовиш и Ресен – по 6, Неготино – 4, Струмица и Гостивар – по 3, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар и Кратово – по 2, Валандово, Демир Капија и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: две починати лица од Скопје (73г и 80г) и едно починато лице од Тетово (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од: Гостивар (64г). Починатиот е пријавен на 31.01.2022 година. Пријавеното лице е починато во болнички услови.

Од вкупно регистрираните починати лица (4), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 1.176 тестови преку: ИЈЗ-62, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-2, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–84, Жан Митрев (Филип Втори)-51, Авицена-71, Биотек-34, Систина-33, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-0, Никоб Лаб-136, ВФВ Медикал-35, Ели Медика Плус-17, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 648.

Досега во земјата се направени вкупно 1.923.358 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.583, бројот на оздравени пациенти е 290.617, на починати е 9.150, а бројот на активни случаи изнесува 1.816.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 140914, Активни 952
Куманово 16394, Активни 76
Битола 14459, Активни 122
Прилеп 13781, Активни 140.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk