Двајца новозаболени и еден излекуван во Куманово

21.04.2020 10:31 | KumanovoNews

Се намалува бројот на новозаболени во Куманово. Во изминатото деноноќие регистрирани се двајца заболени и еден излекуван од коронавирус во Куманово.

Двајца новозаболени и еден излекуван во Куманово

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти се евидентирани во: Скопје – 4, Дебар – 4, Струмица – 1, Куманово – 1, Штип – 3, Прилеп – 3, Кочани – 5 и Тетово – 3.

Во изминатите 24 часа потврдени се 7 нови случаи на ковид-19. По градови: Куманово- 2, Тетово- 3 и Кочани- 2.

Бидејќи во вчерашниот извештај на ИЈЗ е двојно евидентиран еден контролен тест на пациент од Кочани, денеска е направена исправка со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1231 , а последната дистрибуција по градови е:

 Скопје – 411

 Куманово - 340

 Дебар – 51

 Штип-34

 Прилеп –117

 Тетово – 60

 Струга – 55

 Велес – 59

 Битола –17

 Охрид –15

 Кавадарци - 4

 Гостивар –13

 Гевгелија – 4

 Струмица – 2

 Крива Паланка-4

 Радовиш - 4

 Крушево – 3

 Кочани – 28

 Пробиштип – 2

 Кичево – 2

 Неготино -2

 Демир Хисар – 1

 Македонски Брод -2

 Пехчево- 1

Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Лабуништа на 70 годишна возраст. Во тешка состојба, пациентот бил хоспитализиран на 8 април и веднаш приклучен на респираторна машина.

Во изминатото деноноќие направени се 207 теста, a досега во земјата се направени вкупно 12340 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани вкупно 60 пациенти. Од нив 18 се на кислородна поддршка, а 4 се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ се хоспитализирани 45 пациенти. Со потешка клиничка слика се 7 пациенти, а 5 пациенти се на респираторна машина.

Во Битола се хоспитализирани вкупно 13, а на домашно лекување се следат 15 пациенти. Во болницата во Штип, на болничко лекување се 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk