Двајца новозаболени и еден оздравен од ковид-19 во Куманово

17.06.2021 19:49 | KumanovoNews

Во последните 24 часа направени се 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на ковид-19 од: Скопје, Куманово и Прилеп – по 2, Гостивар, Крива Паланка, Кратово и Охрид – по 1.

Двајца новозаболени и еден оздравен од ковид-19 во Куманово

Регистрирани се 18 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Прилеп и Радовиш – по 2, Куманово, Битола и Кичево – по 1.

Не се регистрирани нови починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 844.654 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.593, бројката на оздравени пациенти е 149.708, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 413.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68629, Активни 158

Куманово 8874, Активни 50.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk