Двајца новозаболени и шестмина оздравени од кронавирус во Куманово

15.05.2020 11:13 | KumanovoNews

Шестмина оздравени и двајца новозаболени од коронавирус, се регистрирани во изминатото деноноќие во Куманово.

Двајца новозаболени и шестмина оздравени од кронавирус во Куманово

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.

- Скопје 7

- Куманово 6

- Прилеп 2

- Велес 1

Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово-2, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2, Битола -1. Досега во земјата се направени вкупно 20548 тестирања на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (89г), хоспитализиран од 4 мај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и пациент од Велес (72г) починат на 13 мај во ГОБ „8 септември“, кој бил на болничко лекување од 15 април.

Вкупната бројка на КОВИД-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1740, бројката на оздравени пациенти е 1251, на починати е 97, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 392.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk