Двајца новозаболени од коронавирус во Куманово

12.05.2020 11:03 | KumanovoNews

 Во Куманово во изминатите 24 часа потврдени се два позитивни случаи на коронавирус, од вкупно 10 регистрирани во државата.

Двајца новозаболени од коронавирус во Куманово

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска кажа дека од 189 тестирања, потврдени се ново заболени од: Скопје-6, Куманово- 2, и по еден во Велес и Прилеп.

 На Инфективната клиника починало едно лице од Делчево на 60-годишна возраст со други придружни малигни болести.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во Македонија од почетокот изнесува 1.674, оздравени се 1.205 лица, починати 92 лица и активни 377.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk