Двајца новозаболени од ковид-19, активни 11 случаи во Куманово

06.07.2021 12:02 | KumanovoNews

По неколку дена без новозаболени од ковид-19 во Куманово, денеска повторно се регистрирани два нови случаи, со што бројката на активни лица изнесува вкупно 11.

Двајца новозаболени од ковид-19, активни 11 случаи во Куманово

Инаку, во последните 24 часа се направени 2.873 тестирања, а регистрирани се 16 нови случаи на ковид-19: Тетово – 4, Скопје и Струмица – по 3, Куманово – 2, Прилеп, Гостивар,Охрид и Струга – по 1.

Регистрирани се 4 оздравени пациенти од: Скопје – 2, Куманово и Кратово – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 894.904 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на кови-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.732, бројката на оздравени пациенти е 150.104, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 142.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68685, Активни 55

Куманово 8884, Активни 11

Прилеп 8328, Активни 6

Тетово 7257, Активни 18.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk