Двајца новозаболени од ковид-19 во Куманово

12.05.2022 14:41 | Сузана Николиќ

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19, а направени се 1.271 тестови. 

Двајца новозаболени од ковид-19 во Куманово

По градови во: Скопје – 42, Битола – 15, Кочани, Неготино и Ресен – по 4, Кавадарци и Гостивар – по 3, Куманово, Велес, Кичево и  Свети Николе – по 2, Прилеп, Охрид, Струмица, Струга, Крива Паланка и Демир Хисар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 17 реинфекции.

Регистрирани сe 58 оздравени пациенти од: Скопје – 29, Битола – 11, Гостивар, Велес и Прилеп – по 3, Куманово, Демир Хисар и Тетово – по 2, Кочани, Кавадарци и Охрид – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Во Куманово има активни 13 активни случаи на ковид-19.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk