Двајца починати, 16 новозаболени и 14 оздравени од коронавирус во Куманово

25.09.2020 19:56 | KumanovoNews

 Во последните 24 часа регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19, а се направени 1504 тестирања. По градови во: Скопје 43, Куманово 16, Кочани 15, Струмица 11, Прилеп 9 и др. 

Двајца починати, 16 новозаболени и 14 оздравени од коронавирус во Куманово

Починати се 9 лица, пациент од Виница (70), двајца пациенти од Струмица (по 67), еден пациент од Охрид (48), од Гостивар (64), двајца пациенти од Тетово (70 и 71) и двајца од Куманово (68 и 77).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 110 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 182.538 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17343, бројката на оздравени пациенти е 14422, на починати е 721, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2200.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk