Двајца починати, еден новозаболен и седум оздравени од коронавирус во Куманово

22.05.2021 17:40 | KumanovoNews

 Во последните 24 часа регистрирани се 51 нови случаи на ковид-19, а направени се 4.060 тестирања.

Двајца починати, еден новозаболен и седум оздравени од коронавирус во Куманово

По градови во: Скопје – 28, Тетово – 5, Битола и Виница – по 3, Прилеп, Кочани и Кичево – по 2, Куманово, Велес, Гостивар, Кавадарци, Неготино и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 16 починати лица: 7 лица од Скопје (60г,67г,70г,73г,77г,84г и 84г), по 2 лица од Куманово (54г и 72г) и Прилеп (73г и 86г) и по едно лице од Битола (75г), Гостивар (49г), Тетово (64г), Македонска Каменица (71г) и Неготино (79г).

Регистрирани се 84 оздравени пациенти од: Скопје – 46, Куманово – 7, Битола – 5, Прилеп, Гостивар и Делчево – по 3, Кичево, Штип, Струмица, Гевгелија, Ресен, Берово и Пехчево – по 2, Тетово, Македонска Каменица и Крива Паланка – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 773.531 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.028, бројката на оздравени пациенти е 146.800, на починати е 5.296, а бројот на активни случаи изнесува 2.932.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk