Двајца починати и 25 новозаболени од коронавирус во Куманово

14.04.2020 11:48 | KumanovoNews

Двајца починати и 25 заболени од коронавирус се потврдени во изминатите 24 часа во Куманово.

Двајца починати и 25 новозаболени од коронавирус во Куманово

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово. Во Болницата „8 септември“ починаа 2 лица, пациент од Велес (67) и пациент од Куманово (59).

Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови.

Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје-13, Куманово -25, Штип -1, Прилеп -10, Тетово -1, Велес -2, Гостивар -1, Кичево -1,

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 908 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:

Скопје – 329

Куманово - 236

Дебар – 49

Штип-28

Прилеп –85

Тетово – 38

Струга – 43

Велес – 34

Битола –9

Охрид –4

Кавадарци - 3

Гостивар –9

Гевглелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка-3

Радовиш - 4

Крушево – 3

Кочани – 22

Пробиштип – 2

Кичево - 1

Во изминатото деноноќие направени се 710 теста. Преку ИЈЗ – 530, преку Ветеринарен ф-тет -18, Авицена – 20, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 118, а во тестирање со pcr метода се вклучи и Систина од каде во денешната бројка влегуваат 2 позитивни теста. Досега во земјата се направени вкупно 9.262 тестирања на Ковид -19.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk