Двајца починати и 26 новозаболени од коронавирус во Куманово

11.03.2021 21:13 | KumanovoNews

 Во последните 24 часа регистрирани се 947 нови случаи на ковид-19, a направени се 3.450 тестирања.

Двајца починати и 26 новозаболени од коронавирус во Куманово

По градови во: Скопје – 453, Прилеп – 65, Велес – 56, Неготино – 44, Кавадарци – 41, Штип – 30, Тетово – 29, Куманово – 26, Струмица – 22, Гостивар и Битола – по 21, Охрид – 19, Гевгелија – 18, Кочани – 17, Струга – 12, Крива Паланка и Крушево – по 9, Ресен – 7, Берово и Кратово – по 6, Делчево и Демир Капија – по 5, Дебар, Радовиш и Богданци – по 4, Кичево, Свети Николе, Пробиштип, Виница, Валандово, Демир Хисар и Пехчево – по 2.

Дваесет и едно лице почина од компликации на кронавирус. Шест лица се од Скопје (91, 90, 87, 66, 68, 78), тројца од Берово (59, 51, 70), двајца од Куманово (72, 71), Велес (82, 56), Неготино (79, 79), Гевгелија (83, 59) и по еден пациент од Кочани (66), Крушево (74), Богданци (54) и Демир Капија (75). Деветнаесет пациенти се починати во болнички услови, два пациенти во домашни услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрираше 397 оздравени пациенти и тоа Скопје – 175, Прилеп – 41, Кавадарци – 34, Куманово – 20, Велес – 16, Неготино – 15, Битола и Крива Паланка – по 14, Тетово – 11, Гевгелија – 8, Ресен, Пробиштип и Богданци – по 5, Гостивар, Штип, Струмица, Делчево и Кратово – по 4, Кичево и Крушево – по 3, Берово и Валандово – по 2, Струга, Свети Николе, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Вкупно ковид дијагностицирани од почетокот на пандемијата се 110.209, од кои оздравени се 96.570, починати 3.265, а активни случаи 10.374.

Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 453, активни 5017

Прилеп 65, активни 757,

Куманово 26, активни 393.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk