Двајца починати и 6 новозаразени со ковид-19 во Куманово

21.02.2022 22:15 | Сузана Николиќ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.318 тестови, а регистрирани се 234 нови случаи на ковид-19.

Двајца починати и 6 новозаразени со ковид-19 во Куманово

По градови во Скопје – 180, Кавадарци – 19, Куманово,  Прилеп и Неготино – по 6, Велес – 4, Гостивар и Крива Паланка – по 2, Битола, Струмица, Струга, Свети Николе, Дебар, Пробиштип, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (234), регистрирана е 31 реинфекција.

Регистриран e 1.491 оздравен пациент од: Скопје – 749, Тетово – 85, Битола – 73, Куманово – 69, Прилеп – 57, Струмица – 51, Кавадарци – 45, Велес – 42, Гостивар – 41, Охрид – 37, Гевгелија – 25, Кичево – 24, Радовиш – 21, Неготино ,Струга и Штип – по 20, Валандово – 19, Кочани – 12, Крива Паланка – 11, Богданци и Ресен – по 9, Свети Николе – 7, Крушево, Виница , Берово и Делчево – по 6, Кратово – 4, Демир Капија, Македонски Брод и Демир Хисар – по 3, Дојран, Пробиштип и Дебар – по 2, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 12 починати лица: 3 починати лица од Скопје (72г, 74г и 76г),  по 2 починати лица од Битола (81г и 91г), Куманово (77г и 81г) и Струмица (58г и 65г) и по едно починато лице од Кочани (60г), Охрид (64г) и Тетово (68г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица од: Битола (1), Виница (1), Гостивар (1), Дебар (1) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 61г. до 80г. Лицата за починати се пријавени во период од 14.02. до 18.02.2022. Од починатите лица, 3 се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 1.318 тестови преку: ИЈЗ-116, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-90, Авицена-64, Биотек-65, Систина-63, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-0, Никоб Лаб-233, ВФВ Медикал-46, Ели Медика-7, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 631.

Досега во земјата се направени вкупно 1.871.411 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 293.559, бројот на оздравени пациенти е 278.326, на починати е 8.915 а бројот на активни случаи изнесува 6.318.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 135925, Активни 3632
Куманово 16023, Активни 269
Битола 14057, Активни 303.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk