Двајца починати и 7 новозаболени од коронавирус во Куманово

22.07.2020 18:09 | KumanovoNews

Две лица починале, а седуммина  се новозаболени  од коронавирус во изминатото деноноќие во Куманово.

Двајца починати и 7 новозаболени од коронавирус во Куманово

Во последните 24 часа во државата се откриени 137 нови случаи, а направени се 1437 тестирања на ковид-19. По градови: Скопје 64, Куманово 7, Штип 19, Тетово 7, Струга 14, Гостивар 6, Свети Николе 3, Кичево 4...

Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Тетово, Гостивар и Радовиш.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравен пациент.

Досега во земјата се направени вкупно 89703 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9547, бројката на оздравени пациенти е 5071, на починати е 442, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4034.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk