Двајца починати и еден новозаболен од коронавирус во Куманово

23.05.2021 20:41 | KumanovoNews

Во последните 24 часа се направени 3.143 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19.По градови во: Скопје – 20, Кичево - 4, Велес – 3, Тетово и Виница – по 2, Куманово, Струмица, Кочани, Свети Николе, Радовиш и Македонска Каменица – по 1.

Двајца починати и еден новозаболен од коронавирус во Куманово

Регистрирани се 69 оздравени пациенти од: Битола – 15, Скопје – 13, Струга – 6, Кичево – 5, Куманово – 4, Охрид – 3, Виница, Свети Николе, Гостивар, Кавадарци, Гевгелија и Ресен – по 2, Велес, Тетово, Струмица, Кочани, Радовиш, Македонска Каменица, Прилеп, Неготино, Делчево, Демир Хисар и Македонски Брод  – по 1.

Пријавени се вкупно 15 починати лица: 3 лица од Битола (70г, 71г и 79г), по 2 лица од Скопје (64г и 75г), Куманово (61г и 78г), Тетово (58г и 60г) и Прилеп (63г и 69г) и по едно лице од Струга (83г), Гостивар (66г), Велес (73г) и Штип (60г). Од пријавените, 3 лица  се починати  во домашни, а останатите 12 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 776.674 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.063, бројката на оздравени пациенти е 146.869, на починати е 5.311, а бројот на активни случаи изнесува 2.883.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68412, Активни 1149

Куманово 8805, Активни 272

Прилеп 8283, Активни 125

Тетово 7203, Активни 108

Битола 6286, Активни 191.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk