Двајца починати и петмина новозаболени од коронавирус во Куманово

01.06.2021 19:14 | KumanovoNews

Во последните 24 часа регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.108 тестирања, информира Министерството за здравство.

Двајца починати и петмина новозаболени од коронавирус во Куманово

По градови од: Скопје – 15, Куманово – 5, Прилеп – 3, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 2, Битола, Струмица, Неготино и Радовиш – по 1.

Пријавени се вкупно 10 починати лица: 3 лица од Скопје (70, 65, 56), 2 лица од Куманово (69 и 57) и по едно лице од Тетово (68), Велес (80), Кочани (71), Дебар (57) и Крушево (67). Сите 10 лица се починати во болнички услови.

Регистрирани се 90 оздравени пациент од:Скопје – 50, Куманово – 8, Велес – 5, Тетово, Струмица, Кочани и Кратово – по 3, Битола, Гостивар, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 2, Струга, Берово, Демир Хисар, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 799.265 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.304, бројката на оздравени пациенти е 148.798, на починати е 5.423, а бројот на активни случаи изнесува 1.083.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68521, Активни 441

Куманово 8830, Активни 105

Прилеп 8304, Активни 61

Тетово 7214, Активни 45

Битола 6292, Активни 54.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk