Двајца помошници на Јанева се враќаат во обвинителството во Куманово

16.09.2019 18:17 | KumanovoNews

Бурим Рустеми и Љубомир Лапе се враќаат во ОЈО Куманово, откако Советот на јавни обвинители ја разреши Катица Јанева и донесе одлука за престанок на мандатот на обвинителите во Специјалното јавно обвинителство и нивно прераспределување во обвинителствата од кои претходно дошле.

Двајца помошници на Јанева се враќаат во обвинителството во Куманово

Обвинителите Ленче Ристоска, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Трајче Пеливанов и Артан Ајро се враќаат во Основното јавно обвинителство Скопје, Лиле Стефанова во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Радовиш, зашто во мај 2018 година ѝ престанал мандатот во ОЈО за организиран криминал. Обвинителите Елизабета Јосифовска во ОЈО Гостивар и Стевчо Донев во ОЈО Кочани.

Работни места им мируваа 3 години, а престанокот на нивниот мандат е согласно членот 9, став четири од Законот за СЈО.

(фото. сдк.мк)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk