Двајца повредени откако паднале од мотор

20.06.2022 15:46 | Сузана Николиќ

Две лица се повредени во сообраќајна незгода која се случила синоќа во 19.30 часот, на булеварот „Трета МУБ“, во близина на „Митев мост“. 

Двајца повредени откако паднале од мотор

Според СВР Куманово, Ј.С.(24) од Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Н.Ѓ.(24) од Куманово, а мотоциклистот се здобил со телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

(фото архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk