Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа, при судир на две возила, вчера попладне во Куманово.
Сообраќајката се случила околу 15.15 часот на ул. „Доне Божинов“ во Куманово, помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од Н.И.(24) од Куманово и патничко возило „Мерцедес„ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.О.(25) од Куманово.
Во незгодата со повреди се здобил возачот Б.О. и сопатникот од неговото возило В.М. Тие биле пренесени во болницата во Куманово, каде им била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk