Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две лица се повредени во сообраќајна незгода во кумановското село Орашац, при судир на мотокултиватор и лада.
Несреќата се случила вчера во 18,20 часот на регионалниот пат Свети Николе-Куманово во атар на с. Орашац, помеѓу патничко моторно возило “лада ваз“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Г.К.(64) од Куманово и мотокултиватор “хонда“ со лесна приколка, управуван од В.А.(66) од с. Орашац.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.А. и уште една сопатничка од мотокултиваторот С.А.(62) од с.Орашац констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk