Двајца повредени при судир на трактор и бмв

14.02.2018 10:56 | KumanovoNews

Две лица се повредени, од кои едно потешко, при судир на трактор и автомобил

Двајца повредени при судир на трактор и бмв

На магистралниот пат Крива Паланка-Куманово, во атарот на село Гиновци, синоќа во 18.20 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки, управуван од С.В.(36) од село Радибуш, и патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки  управувано од Г.Р.(39) од село Псача, Крива Паланка. Во незгодата возачот на тракторот С.В. и сопатникот Г.Ѓ.(45) од село Конопница, Крива Паланка, се пренесени во Здравствен дом Крива Паланка,  од каде Г.Ѓ. поради сериозноста на повредите е префрлен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk