Двајца повредени, со возило излетале од патот кај Никуштак

19.06.2023 13:17 | Сузана Николиќ

Две лица се повредени во сообраќајна незгода на регионалниот пат Арачиново - Куманово, во атар на с.Никуштак.

Двајца повредени, со возило излетале од патот кај Никуштак

Сообраќајката се случила вчера околу 18.00 часот кога патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(61) од с. Отља, липковско, изгубило контрола и излетало надвор од коловозот. 

„По несреќата возачот Р.Н. и неговиот сопатник И.Ф.(65) од липковско биле пренесени во Општа болница Куманово каде на Р.Н. му биле констатирани телесни повреди, а на И.Ф. му биле констатирани тешки телесни повреди“, соопшти МВР. 

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk