Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Едно лице е потешко повредено а друго полесно, во масовна тепачка што вчера се случила пред угостителски објект на улицата „ 11 Ноември“ во Куманово.
Тепачката настанала околу 13 часот, помеѓу С.А.(22) и Љ.Ш.(20), двајцата од с.Оризари и петнаесетгодишник од с.Слупчане од една страна и неколку непознати лица од с.Слупчане од друга страна. Во физичката пресметка едно лице извадило нож и му нанело повреди на С.А. во пределот на главата, а Љ.Ш. го повредил на десниот лакт. Повредените биле пренесени во болницата во Куманово, од каде поради сериозноста на повредите С.А. е пренесен во Клинички центар Скопје, а Љ.Ш. по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk