Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две лице се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Куманово-Скопје кај село Никуштак.
При директен судир на две возила, автомобили „рено“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.Ј (50) од Кратово и „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки кое го управувал С.С.(36).
Возачот на „аудито“ се здобил со тешки телесни повреди со возило на Итна Помош е пренесен во кумановската болница и е задржан на лекување,додека негов сопатник веднаш по несреќата пренесен е во Ургентен Центар во Скопје.
Увид извршила кумановската полиција и се работи на причините за несреќата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk