Двајца повредени во сообраќајка на магистралниот пат во село Војник

13.03.2024 18:11 | Теодора Стоевска

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на крстосницата на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, локален пат кон с.Клечовце и локален пат кон с. Макреш.  

Двајца повредени во сообраќајка на магистралниот пат во село Војник

Сообраќајката се случила во 07.35 часот, помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(53) од с.Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(42) од с.Долно Соње, скопско. 

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.С., а со телесни повреди се здобил И.Б., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk